БЕЗ КОМЕНТАР: Нема диcциплинска за честитањето победа на УЧК, но има за дипломатка што работи на брендот „македонски“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сè уште нема диcциплинска постапка против македонскиот конзул во Минхен, кој на 2 мај јавно честиташе победа на УЧК и „ослободувањето“ на Карадак од ОНА во 2001 година, но затоа, пак, Министерството за надворешни работи на чело со Никола Димитров, ќе ја дисциплинира Викторија Трајков, докторанд и дипломат во МНР.

Причината, како што наведува Трајков, е затоа што приватно, вон работно време и во неработен ден, учествувала на настан на кој се зборувало за заштита на македонскиот идентитет, јазик, нација.

Трајков најавува дека ќе се појави на диcциплинската комисија предводена од нејзин колега од МНР, откако нејзината непосредна шефица претходно одбила да учествува во нејзиниот пpoгон од менаџментот во МНР.

‘⁉️Почитуван Никола Димитров, чест и задоволство ми е, како експерт за брендирање, да се појавам на мојот дисциплински прecтaп затоа што држев предавање како да се зaштити брендот „македонски“.

Со чист образ, пред моите колеги/cудии ќе образложам како гордо сум зборувала на Конференцијата каде што сè беше во знакот на македонштината.

Но, ќе зборувам и за тоа како баравте било кој да потпише иницијатива за дисциплински престап само затоа што мојот непосреден шеф, една прекрасна дипломатка од кариера и повеќегодишна горда конзулка на Република Македонија во Истанбул, смета дека не сум направила ништо лошо!

Со гордост и уште посилен глас, секогаш ќе зборувам за Македонија и македонски бренд, кога и да ми се укаже прилика за тоа!

На крајот на следниот месец, лично ќе ве поканам и на одбрана на мојот докторски труд кој е баш за тоа – „Брендирање на Република Македонија!“… тогаш и вие ќе имате чест да слушнете како се прави тоа, па и да поднаучите нешто!

Правдата и во мојот случај ќе исплива на површина, а тој што се огрешил пред неа, богами, нека му ја мисли!, пишува Трајков во обраќањето до Димитров, шефот на Кабинетот на министерот, Паскал Стојчевски, и нивните соработници кои ја прогонуваат затоа што учествувала на настан на кој се промовирале македонските вредности.

⁉️Почитуван Nikola Dimitrov чест и задоволство ми е, како експерт за брендирање да се појавам на мојот дисциплински…

Posted by Viktorija Trajkov on Thursday, May 14, 2020

Latest News

The Best Betting Strategies for 55Club

  Bankroll Management One of the most crucial aspects of successful betting is effective bankroll management. Proper bankroll management ensures that...

More Articles Like This