БЕЗ СТРУЈА ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ: Неколку скопски општини утре ќе останат без струја

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Заради планирани технички зафати во дистрибутивната електро-мрежа во Град Скопје утре без електрична енергија ќе останат делови од општините Центар, Шуто Оризари, Карпош, Чучер Сандево, Бутел и Кисела Вода.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат корисниците од ул. „Прохор Пчински“ и околните подулици во општина Центар, а во периодот од 09:00 до 14:00 часот корисниците од дел од ул. „Индира Ганди“ како и објектите околу пазарот во општина Шуто Оризари.

Прекин во снабдувањето со електрична енергија во периодот од 09:00 до 13:00 часот ќе имаат корисниците од ул.„Сливовска“ згр. бр. 3 и бр. 5, во општина Карпош, во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците од Караула Рамно, Хидроцентрала Хидроинвест, с. Мирковци, с. Горњани, с. Чучер и с.Бањани во општина Чучер Сандево, а во периодот од 08:30 до 14:00 часот корисниците од дел од с. Горно Оризари во општина Бутел.

Без струја во периодот од 09:00 до 14:00 часот корисниците од Канепе Мебел, бул.„Борис Трајковски“ бр. 60 и објектите во близина, сите во општина Кисела Вода.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This