Белгија под полициcкa опcaдa: Macoвнa oпepaциja во бopбaтa пpoтив opгaнизиpaниoт kpиминaл, билe вклyчeни пoвeќe oд 1.200 пoлицajци

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Белгиската полиција рано утрово започнала со голема операција со организираниот криминал ширум земјата, соопштила канцеларијата на белгискиот сојузен обвинител.

Околу 200 претреси во кои биле вклучени повеќе од 1.200 полицајци биле организирани истовремено ширум земјата од 11,5 милиони жители, навела канцеларијата.

Портпаролот на обвинителство рекол дека претресите почнале во околу пет часот наутро.

Локалната телевизија “RTBF” јавува дека претресите во главно се спроведуваат во областа Антверпен, и инспекторите се насочени на трговците со дрога и на мрежата со меѓународни врски.

“Станува збор за една од најголемите организации некогаш организирани на белгиска територија според бројот на вклучени луѓе”, рекол за “France Presse” портпаролот на обвинителството.

Со илјадници контејнери кои доаѓаат во Антверпен секој ден, тоа белгиско пристаниште е едно од главните преку кои кокаинот влегува во Европа. Трговијата со дрога довела до пораст на насилството во последно време, со чести вооружени судири.

Минатата година властите во Белгија и уште три земји растуриле криминална мрежа на трговци с дрога која праќала кокаин во вредност од повеќе стотини милиони долари во Западна Европа.

Истрагата која почнала кога бил најден контејнер со 2,8 тони кокаин минатата година во Антверпен, открила меѓународна мрежа со врски во најмалку четири европски и јужноамерикански земји.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This