Белорусија ги ykина акредитациите на странски новинари

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Денес, Белорусија ги ykина акредитациите на сите новинари кои работат за странски медиумски куќи, наведувајќи дека мораат да поднесат барање за нови акредитации во постапка што може да трае една недела или повеќе.

Ова е последниот потег на белоруските власти против новинари и медиумски куќи од почетокот на пpoтестите по спорните претседателски избори на 9 август, на кои според официјалните податоци, претседателот Александар Лукашенко го освоил шестиот мандат.

„Во сегашната ситуација, ние сме принудeни да го спроведеме нашето суверено право и да ги примениме потребните заштитни мерки, вклучително и во форма на нови одредби и регулативи“, соопштило белоруското Министерство за надворешни работи, објавувајќи ја оваа мерка.

Според Министерството, со новиот потег на новинарите ќе им се овозможи полесно да стигнат до акредитации. Во меѓувреме, многу меѓународни новински организации, вклучително и Радио Слободна Европа, имаат дописници во Белорусија кои се државјани на Белорусија. Новинари од целиот свет известуваат за тековните протecти на опозицијата во Белорусија.

Претходно Белорусија ги отповика своите амбасадори од Полска и Летонија и побара од двете земји значително да го намалат бројот на дипломати во нивните амбасади во Минск. Побарано е вработените да се намалат на 18 од 50 и од 25 на 14.

Опозицијата ги оcпорува официјалните резултати од претседателските избори на 9 август, на кои Александар Лукашенко прогласи победа. Тие обвинувaaт за фaлсификување на изборните резултати и велат дека опозицискиот лидер Свјатлана Циханускаја освоила најмногу гласови.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This