Белорусија направи своја вакцина против вирусот корона, изјави белорускиот лидер Александар Лукашенко.
Кога тој објави дека Белорусија има намера да произведе своја вакцина, критичарите велea дека тоа е многу комплицирано, па дури и невозможно.
„Вчера ја добивме вакцината во епрувета – белоруска. Различена, различена од онаа што ја купуваме денес. Како што велат лекарите, жива вакцина “, рече Лукашенко, пренесува белоруската државна агенција Белта.
На 1 април белорускиот лидер потпиша указ за правење белоруска вакцина во периодот од 2021-2023 година
Да потсетиме, во декември минатата година Белорусија, прва по Русија, започна со вакцинирање на населението со руската вакцина „Спутник“.