БиХ ќе донесе одлука дека не го пpизнaва Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Милорад Додик, српскиот член на Претседателството на БиХ, денес му изрази благодарност на хрватски колега Жељко Комшиќ бидејќи го покрена прашањето за признавање на независноста на Косово пред Претседателството на БиХ, бидејќи на тој начин БиХ ќе може да донесе официјална одлука да не го признава Косово.

– Комшиќ направи феноменална работа за нас. Ќе имаме одлука БиХ да не го признае Косово и официјално и конечно, изјави Додик за порталот Српскаинфо.

Како што објасни, нема друг начин БиХ официјално да заземе став за Косово, без некој да го покрене прашањето за признавање во Претседателството на БиХ.

– Ќе беше глупаво јас да го сторам тоа, па да да гласам пpотив, рече тој.

Додик додаде дека сметал дека прашањето за преместување на амбасадата на БиХ во Ерусалим е мала цена за БиХ во однос на придобивките од соработката со САД, на кои израелското прашање им е константа во надворешната политика.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This