Бишевац: Oбвинитeлството е последниот бедем на хибpидниот рeжим на Заев

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Обвинителството е последниот бедем на хибридниот режим на Зоран Заев, изјави во Само Вистина на Канал 5, политичкиот аналитичар Сафет Бишевац, кој потенцираше дека тоа се покажа и со бегството на Сашо Мијалков кога лично Заев им даваше наредби на обвинителите кои во нормална држава треба да функционираат независно.

– Зоран Заев за бегството на Мијалков ги повика во својот кабинет јавниот обвинител и министерот за правда и да им дава инструкции. Тоа е авторитарен систем, не е тоа процедурата. Јовески и Русковска немаат обврска да го слушаат Зоран Заев, тие треба да работат независно, истакна Бишевац.

Тој посочи дека иако со години се вика дека Македонија треба да стане нормална европска држава одвнатре, но Заев викаше дека ни треба камшик и дека не можеме, иако ни самиот тој не сака таква држава што го видовме од случајот Рекет кој не доби соодветна разрешница.

– Тоа што Катица Јанева и Бојан Јовановски се затворени не значи дека функционира правосудниот систем. Таква рекетарска шема, не може да функционира без поддршка од власта. Ако не знаете кој го поддржувал видете ги сликите со Бојан Јовановски. Во затвор не се сите што треба, а и Катица Јанева не е се уште во затвор, нагласи Бишевац.

Дека Македонија е хибриден режим, според Бишевац говори и фактот дека Заев најголем дел од законите ги турка по скратена постапка и со европско знаме, против тоа што нели се бореа и претходно бараа подобра и отворена дебата за подобро решение на законите.

– Заев се додека можеше на тој начин да ги турка работите не му требаше конструктивна опозиција. За да има конструктивна опозиција треба да имате адекватна власт, а не власт која тврдоглаво ги турка своите гледишта и политики иако има тесно мнозинство, тогаш има реакција на опозицијата. Недозволиво е да ги игнорирате сите барања на опозицијата, изјави Бишевац.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This