Американскиот хеликоптер УХ-60 “Црн јастреб”, со кој Вашингтон почна да го снабдува вооружените сили на Авганистан, во замена за руски хеликоптери Ми-17, се помалку ефикасни и многу повеќе комплекс за одржување, според порталот “Драјв”, повикувајќи се на извештај од страна на Државниот инспекторат на Министерството за одбрана.
Имено, како што се покажа, транзицијата кон американските хеликоптери создаде цела низа проблеми што сé уште не можат да се решат.
Пред се, мериканските хеликоптери немаат толкав капацитет, за префрлање на товар од една локација на друга локација, како рускиот Ми-17, односно за истиот товар потребни се два”јастреби”.
Од друга страна, пак, американски хеликоптери не можат да летаат на големи надморски височини, и не може да се користат во оддалечените региони на Авганистан, каде што претходно без проблем ги извршуваше задачите Ми-17.
Во извештајот исто така се наведува дека американските власти се загрижени поради фактот дека овие проблеми може да ја ограничат можноста на вооружените сили на Авганистан да изведуваат операции во земјата.
Според податоците од 2017 година, Авганистан има вкупно осум американски “јастреби”, иако Вашингтон планира да испорача 160 такви хеликоптери во целост.