Богдан Илиевски: Борбата е единствена опција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вистината е дека и да врне и да не врне ние сме тука, сме биле тука и ќе продолжиме да бидеме тука. Ова е нашиот пат, ова оваа пролет го порача од пред Собранието членот на граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски.

Тој тогаш велеше дека борбата е долга и никогаш не престанува.

-Ќе пробаат со се да не разбијат. Со спинови, со навреди, со закани. Со етикетирања и со навреди. Сакаат да не нема од улиците, од нашиот пат, бидејќи се плашат од нас и бидејќи нашиот пат не е и нивни пат. Нашиот пат е пат на достоинство, чест и ред, нивниот пат е пат на силување на демократијата и газење на Уставот и законите во Република Македонија. Нема да им помине. Нема да успеат, без оглед на тоа што некој мисли во моментов. Нема, бидејќи ние сме тука. Бидејќи ние веруваме. И бидеќи ќе бидеме поупорни од нив, истакна Илиевски.

Посочи дека граѓаните веруваат во правото, правдата, борбата против современите начини на окупација на една земја.

-Работите треба да ги нарекуваме со вистинското име. Ова не е демократија. Ова не е правда. Ова не е суверенитет, рече Илиевски.

Според него, ова е еден вид на окупација, со самоназначен пара-претседател на Собрание.

-И оваа евробирократска дивоградба на моќни сили, создадена на брзина, секогаш ќе остане дивоградба. Не може да ја легализира никој освен граѓаните на избори. И колку и некој да не сака да ги слуша граѓаните, ќе дојде ден кога гласот на народот ќе победи. Бидејќи гласот на граѓаните за Заедничка Македонија е глас за почит, глас за љубов, глас за мир, разум и достоинство. Глас за гордост, почит и против дискриминација. Тој глас ќе победи. Бидете сигурни во тоа. Но, до победата, мора да се бориме, вели Илиевски и дадава дека победите не доаѓаат поклонети, ниту пак доаѓаат лесно.

Според него, победите се слатки кога се заслужени и тоа со сопствени сили. Илиевски посочи дека Македонскиот народ е пиреј кој не може да исчезне, кој не може да биде уништен.

– Тоа е пирејот кој секогаш ќе го има и секогаш ќе расте. Како Фениксот кој се издига од пепел, така и ние ќе се издигнеме од пепелта во која некои сакаат да ја покријат слободната волја на граѓаните, правото и демократијата во Македонија, потенцира Илиевски.

Потенцира дека редот е процедура и Закон, а кога некој ќе го гази редот и ќе го крши Законот и за тоа бара легитимитет во окупациските методи на, како што вели, недобронамерниците кон Македонија, тогаш борбата против окупаторот е единствена опција.

-Ако не се бориме, утре ќе дојдат и од дома ќе не иселуваат, противзаконски, со изговор дека за тоа амин им дал некој костумосан бирократ од најдлабоките темнини на местата каде зборот демократија и правда, закон и ред, се газат и пеплосуваат, се користат само кога и како што некому му одговараат, истакна Илиевски.

Според него, во ваква ситуација борбата против т.н. окупатор е единствена опција.

-Борбата која Уставот кој не го кршиме ни ја овозможува на мирен демократски начин. Со постојаност, со истрајност, со непопуслитвост. Ова е борба за принципи, ова е вистинската борба за правдина во Македонија. Ова е борба за Македонија, суверена и независна, посочи Илиевски, додавајќи дека  во таа борба, најсилното и единственото оружје сме сите ние.

-И ќе победиме. Не се посилни од нас, ако решиле да го силуваат Уставот еден ден ќе дојде крај на тоа. Ако решиле да одат против гласот на граѓаните и на тоа еден ден ќе му дојде крајот. Заедно, сплотени како едно секој ден, ние и сите браќа и сестри низ цела Македонија, подвлече членот на Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ во неговиот говор оваа пролет пред Собранието на Македонија.

 

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This