БОКИ 13 И ТОМА БИЛЕ ВО ВРСКА ПОВЕЌЕ ОД ЕДНА ГОДИНА: Еве што се случувало

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Томислав Тома Паниќ, неодамна се вселил на имотот во „Задругата“, каде во ВИП ексклузивното издание открил дека бил во врски со многу жени, но и со еден маж. Станува збор за нашиот Бојан Боки 13 Јовановски со кого, како што вели Тома, дури и заедно живееле во Белград.

Блиска пријателка на Боки 13, за ВИП изданието открива детали од нивната бурна врска за која со години се молчело, а пренесува Ало.рс

„Тома го запознав во пабот во Белград каде што се собиравме сите кога бевме таму. Тој дојде заедно со Боки. Боки секогаш сакаше да биде опкружен со убави луѓе. Но, по извесно време сфативме дека нивната врска не е само пријателска, дека тие се нешто повеќе“, вели девојката.

„Бојан никогаш не беше материјал за долги и сериозни врски и затоа никој од нас не очекуваше нивната врска да прерасне во толку сериозна. И двајцата често патуваа и ги сметавме за секс-комбинација која е заедно само кога ќе се најдат во ист град. Кога се видовме по подолг период тој ми призна дека со Тома почнале да живеат заедно, јас бев шокирана“, додава таа.

„Тома го знаев дека е повлечен и дека не сака да се истакнува, но имав лошо чувство за него. Во еден момент го прашав и Боки зошто на социјалните мрежи постојано постираат фотографии во кои се со многу девојки и тогаш тој ми објасни дека Тома сеуште го крие своето сексуално определување од своите родители. Од ден на ден ми стануваше се појасно дека Тома го користи Боки за пари. Се случуваше Боки да донесе полни кеси фирмирана облека. Сметаше дека неговото момче мора да е најдобро облечено, со оглед на тоа дека е во модниот свет и е манекен. Му го купи најскапиот телефон кој тогаш беше на пазарот, киријата за станот ја плаќаше тој, му даваше пари каде и да оди…“, додава таа.

Пријателката на Боки вели дека нивната врска пукнала бидејќи Тома се однесувал премногу детинесто и не водел сметка за нивната врска.

„Кога Тома сфати дека Бојан има чувства за него, почна се почесто да излегува и да се враќа дома во зори. Боки и многу организиран и се што бара од партнерот е посветеност. По неколку месеци врска, тие раскинаа за прв пат, но, тогаш Тома го молеше Боки да му се врати. Боки доживеа да види како Тома пред сите нивни пријатели се бакнува со две девојки. По таа ноќ плачеше како дете. По оваа случка го исфрли од станот, го смени бројот и никогаш повеќе не го спомна“, вели девојката.

 

Извор: Ало.рс

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This