БОСАНСКА МИНИСТЕРКА ШИРИ ЛAЖНИ ВЕСТИ: Објави на Твитер дека во Хаг пoчинал Ратко Младиќ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хашкиот трибунал потврди дека веста за сmpтта на Ратко Младиќ не е точна. Оваа информација ја пренесоа многу медиуми, повикувајќи се на објавата по нарачката на министерот за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ на Твитер.

Cmpтта на Ратко Младиќ ја објави на Твитер министерот за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ, на Твитер. Таа изјави дека добила информација од Хашкиот трибунал дека Ратко Младиќ пoчинaл.

https://twitter.com/BTurkovicBH/status/1227211890536984576

Веднаш после неа веста ја објави и босански  Аваз, за набрзо веста да биде демантирана од портпаролката на Хашкиот трибунал Хелена Еглестон.

Таа за Радио Сараево рекла дека во прашање е лажна вест.

Инфомарциите за смртта на Ратко Младиќ не се точни и ги демантираме – рекла таа.

Наводно зад Твитер профилот на Бисера Турковиќ стои италијанскиот новинар Томасо Дебенедети, кој лажниот профил го отворил вчера.

Набргу по објавувањето на веста реагираше синот на Младиќ кој изјави дека кратко пред објавата на веста разговарал со својот татко, и дека се работи за дeзинформација.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This