(Фото) Браво – Ова е соживот: Фудбалската федерација им се заблагодари на навачите со сонцето од Кутлеш

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Македонската фудбалска репрезентација вчера оствари огромен успех кога со 4-0 го порази Лихтенштајн во квалификациите за Светското првенство во фудбал и сега сме на чекор поблиску до Катар.

Репрезентацијата која е од мешан етнички состав претходно оствари огромен успех и се пласираше на Европското првенство во фудбал.

По вчерашната победа над Лихтенштајн ФФМ им се заблагодари на навивачите за поддршката со фотографии со сонцето од Кутлеш. Браво!

– Благодарност до навивачите кои со цело срце ја бодреа македонската репрезентација на натпреварот во Вадуц против Лихтенштајн

Се гледаме на 11. октомври на Националата арена

Со цело срце за вас

#НапредМакедонија, пишува на страницата.

Со ФФМ раководи Албанец, Муамед Сејдини кој се здоби со огромен респект кај Македонците откако истакна дека тој не може да го менува името на Федерацијата.

-Уште на почетокот кажав и во многу наврати повторував дека ниту јас сум го ставил името на Фудбалската федерација на Македонија, ниту јас можам да го сменам тоа име. Единствен орган кој може да го смени името на Фудбалската федерација на Македонија е Собранието на ФФМ. Така што, Муамед Сејдини и натаму ќе остане доследен и ќе ги почитува сите правила, истакна Сејдини.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This