Брачна двојка од Црна Гора убиена во Еквадор

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Црногорските државјани Фадил Качаниќ (64) и неговата сопруга Фатима (63) се убиени во Еквадор, пренесува РТЦГ. Црногорецот бил убиен со огнено оружје, а неговата сопруга била усмртена со тап предмет по главата, пишува еквадорскиот портал „Елтелеграфо“.

На местото не злосторството најдени се балистички траги и камен за кој се претпоставува дека е користен како оружје поради што се верува дека жртвите се убиени на истото место каде што се и најдени, дваесетина километри од домот.

Убијците се претставиле како полицајци покажувајќи им лажен налог за претрес, пишува еквадорскиот портал „Екстра“.

„Мислеле дека ќе извршат совршено злосторство, но ги снимиле камерите на имотот“, рекол обвинителот Виктор Гонзалес.

Полицискиот генерал Марчело Тобар истакна дека Качаниќ имал криминални досија поради трговија со наркотициа, а дека убиената жена работела на аеродромот „Жозе Жакин де Олмедо“.

„Ова не е обично убиство, се сомневаме на поврзаност со организиран криминал“, порачал Тобар, пренесе порталот „Екстра“. Полицискиот поручник и челник на Националниот директорат за насилни злосторства во Еквадор, Хенри Херера, нагласил дека работите во домот на убиените биле превртени како некој да барал нешто додавајќи дека притоа биле одземени накит и компјутер, пренесе РТЦГ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This