Бремените жени се ослободуваат од работа со физичко присуство, до завршувањето на пандемијата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Владата на Република Македонија, потсетува дека согласно владина одлука, објавена во Службен весник, бремените жени се ослободуваат од работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, до завршување на Пандемијата со КОВИД-19, прогласена од Светската здравствена организација.

Содржината на мерките е регулирана со членот 13, точка 11 и членот 16 од Одлуката за превентивни препораки, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови и алгоритми за постапување за заштита на здравјето на населението од заразната болест КОВИД-19, предизвикана од вирусот SARS-CoV-2, случаите и временскиот период на нивна примена, објавена во Службен весник на 04.11.2020 година.

Оваа информација ја објавуваме по изразениот интерес околу обврската за работа и работни обврски со физичко присуство на работното место, на бремените жени, по 31 декември 2020 година.

Владината одлука е донесена на седница на Владата на Република Македонија, одржана на 03.11.2020 година, по препорака на Комисијата за заразни болести.  

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This