Британските бeзбeднocни cили yaпcиja ceдyм лицa нa тaнкep пopaди зakaни кoн eкипaжoт

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британските безбедносни сили презедоа контрола врз танкерот „Нејв Андромеда“ кој пловел низ Ла Манш, при што се уапсени седум осомничени лица кои им се заканувале на членовите на екипажот.

Британската полиција соопшти дека членовите на екипажот на танкерот пријавиле дека седум лица вербално ги нападнале. Операцијата е спроведена во соработка со крајбрежната стража и пограничната полиција.

Портпарол на полицијата потврди дека во инцидентот, кој се случил во близина на островот Вајт, нема повредени. Уапсените наводно биле нигериски државјани.

Припадниците на крајбрежната стража пристигнале со два хеликоптера на местото кадешто се наоѓа танкерот, а британските власти забраниле пристап во радиус од околу пет километри.

Регистриран сопственик на танкерот е либиската „Фолегандрос шипинг корпорејшн“, а со пловилото управува грчката компанија „Навиос танкерс менаџмент инкорпорејтед“. Танкерот требал да пристигне во пристаништето во Саутемптон, а испловил од Лагос, во Нигерија, на 6 октомври.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This