БРИТАНЦИТЕ ПОТКЛЕКНАА: Грците го натераа Би-би-си да го смени написот за македонското малцинство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Британскиот медиумски сервис Би-би-си изврши промени во репортажата за македонското малцинство во Грција, по незадоволството на грчката страна, пренесува грчки „Катимерини“.

Би-би-си додаде пасус во написот со кој се објаснува грчката позиција. Во дополнувањето се наведува оти грчката влада официјално признава само едно малцинство – муслиманите во Тракија, односно дека историски ги сметаше македонските Словени во грчкиот регион Македонија за јазична, а не за национална група.

Згора, нагласено е дека националноста на жителите на Македонија е македонска/државјани на Република на Северна Македонија, според Преспанскиот договор, и оти со тоа не се прави презумпција за постоењето на македонско малцинство.

Во репортажата на Би-би-си се посочува дека со ратификување на договорот со новоименуваната Република Македонија, Грција имплицитно го призна постоењето на македонскиот јазик и етничкото малцинство.

– Употребата на името „Македонија“ од страна на соседната држава имплицитно покажува дека Македонците се самостоен народ и ја отвора вратата за тешките прашања околу историјата за македонското малцинство во Грција – објави Би-би-си.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This