БРНАБИЌ НЕ ДОБИЛА НИКАКВА ПОКАНА ОД ХАРАДИНАЈ: Косовскиот премиер се обидува да им замачка очи на САД и ЕУ!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сррпската премиерка Ана Брнабиќ се огласи по изјавата на Харадинај дека ја поканил на средба заедно со останатите премиери од регионот.


Таа изјави дека Харадинај се обидува да им замачка очи на ЕУ и на САД со наводната покана, а всушност се обидува на секој можен начин да одбегне средба.

„Харадинај може многу лесно да го реши проблемот доколку сака. Треба само да ги имплементира спогодбите кои порано беа потпишани, со што би докажал дека се одговорни партнери и дека може да им се верува“, рече таа.

Таа истакна дека Харадинај прво треба да почне да ги спроведува одредбите од Спогодбата за стабилизација и ЦЕФТА спогодбата, па потоа да ја имплементира и Бриселската спогодба.

„Меѓутоа повеќе од очигледно е дека тој нема намера да ги почитува спогодбите. Најново е што повеќе не ги пошитува ни договорите што ги има со САД“, дополни таа.

Премиерката исто така рече дека постапките на Харадинај единствено водат кон дестабилизација во односите меѓу Приштина и Белград и саботира преговорите.

„Кога Харадинај одби да ги укине даноците, не му се обраќаше на Белград, туку на ЕУ и САД, бидејќи тие го бараа тоа од него“, нагласи таа.

ППремиерката за крај додаде дека Белград е целосно посветен на дијалогот и нема да преземе нешто што би ги влошило односите.

Косовскиот премиер најави средба на премиерите од земјите на Западен Балкан потенцирајќи дека поканета на средбата е и српската премиерка Брнабиќ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This