БРОЈКАТА И НАТАМУ РАСТЕ: 37 нови случаи на коронавирус во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 11 оздравени пациенти во: Скопје-2, Прилеп-7, Велес-2. Во изминатото деноноќие не се регистрирани починати пациенти како последица на ковид-19.

Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на ковид-19 и тоа во: Скопје-12, Куманово-8, Штип-2, Прилеп-2, Тетово-7, Струга-4 и Охрид-2.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 1978, бројката на оздравени пациенти е 1422, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 443. Последната дистрибуција по градови е:
• Скопје – 713, активни 199
• Куманово – 433, активни 34
• Дебар – 51, активни 0
• Штип-40, активни 5
• Прилеп –210, активни 48
• Тетово – 172, активни 77
• Струга – 75, активни 8
• Велес – 127, активни 43
• Битола –28, активни 7
• Охрид –23, активни 8
• Кавадарци – 5, активни 0
• Гостивар –21, активни 4
• Гевгелија – 4, активни 0
• Струмица – 3, активни 1
• Крива Паланка- 6, активни 1
• Радовиш – 4, активни 0
• Крушево – 3, активни 0
• Кочани – 31, активни 0
• Пробиштип – 2, активни 0
• Кичево – 2, активни 0
• Неготино -10, активни 3 (7 заболени лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
• Демир Хисар – 1, активни 0
• Македонски Брод – 2, активни 0
• Пехчево- 3, активни 1
• Делчево-1, активни 0
• Валандово -1, активни 0
• Виница – 3, активни 1
• Кратово-2, активни 1
• Берово-1, активни 1
• Свети Николе-1, активни 1

Направените 508 теста се преку: ИЈЗ –266, Ветеринарен ф-тет -21, Авицена –24, Биотек -44, Филип Втори (Жан Митрев) –5, Систина со PCR метода -31 и МАНУ -117. Досега во земјата се направени вкупно 25270 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 188 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи. Денеска со скринингот е потврден еден позитивен случај кај вработен во геронтолошка установа во Скопје.
Досега со скринингот направени се 2248 тестирања на ковид-19, а регистрирани се три позитивни случаи на ковид-19.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 4 нови пациенти, хоспитализирани се вкупно 58 пациенти. На кислородна поддршка се 24, на механичка вентилација се 2 пациенти.

Во ГОБ „8 септември“ примени се 5 нови, а вкупно хоспитализирани 18 пациенти. На респиратор се 5, a со потешка клиничка слика се уште 4 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 3пациенти, еден пациент во тешка состојба е пратен на инфективната клиника во Скопје. На домашно лекување се следат уште 4 пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани 5 пациенти, нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На ифективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 42 пациенти, позитивни и сомнителни на ковид-19.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This