БРУТАЛНА ЛИКВИДАЦИЈА НА АКТИВИСТ НА СДС: Во чаирската престрелка убиен активист на СДС, МВР не знае кој е убиецот!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште една брутална ликвидација го потресе Скопје, откако вчера во скопската населба Чаир во блзиина на маркетот „Принц“ едно лице е убиено, а уште едно тешко повредено во вооружена престрелка

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Министерството за внатрешни работи го потврди крвавиот инцидент што се случи минатата ноќ во Чаир. Претставници на МВР го потврдија инцидентот што се случи во Чаир околу 22:30 часот, кога едно лице беше убиено.

Убиениот е Исмет Кока Арифи, додека сериозно повредениот е Ќемал Лусјани. Исмет бил од селото Блаце, додека Ќемал бил од Чаир.

Исмет е познат како личност која на последните беше доста активен во кампањата на СДСМ и често ги изнесуваше неговите ставови против креирањето на политиката на ДУИ.

Пријателството на Исмет со ранетиот Ќемал Лусјани може да се потврди со нивните слики на Фејсбук, каде што тие често се заедно. Таков беше случајот минатата ноќ кога биле во автомобилот на Исмет и биле пукани со огнено оружје кое резултирало со смртта на Исмет и сериозната повреда на Кемал, кој и понатаму е под грижа на лекарите во скопската болница. – пренесува порталотна албански јазик „Тетова1“

[/kopa_block_quote]

Непосредно пред да биде убиен, Исмет Кока на неговиот ФБ профил објавил статус во кој го напаѓа пратеникот на ДУИ Ејуп Халими, нарекувајќи го нечесник и предавник на Илирида, изнесувајќи податоци за направено неверство со вереницата на неговиот другар.

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″] Еве и јас да реагирам. Агим Мусшабанај. За Ејуп Халими .. Ејуп Зошто ги предаде другарите на идеалот? Зошто некои пријатели сеуште стојат позади тебе или им имаш вметнато страв заедно со Груевски? Зошто некои наши другари од УЧК се во затвор или затоа што не те подржуваа повеќе тебе Ејупе?Зошто некои други не смеат да дојдат во Илирида? Ти и Али ги ставивте во затвор само затоа што не се подржуваши на ДУИ ….. Ејуп синоќа добив повик од една личност. Со името Х. ти го знаеш, некои наши другари го познаваат тоа лице… И ми рече: Ејуп ме предаде. Го прашав како те предаде Ејуп. Ми рече Ејуп ми ја зеде вереницата со која бев верен една година, и скоро секој ден седев со Ејуп и вереницата која сега е негова жена.Јас не му поверував но кога прашав некои заеднички пријатели ми кажаа дека тоа е вистина. Му ја зеде вереницата. А вереницата е ќерка на поранешниот претседател на В. С.Д.Со ова открив дека ти Ејупе си предавник. Ејупе кај нас албанците викаат дека човек кој допира до честа, тој е предавник и не може дда му се верува. Така да ти му ја допре честа на твојот другар…И ти Ејуп си антинационален. – стои во последната ФБ објава на Исмет Кока.[/kopa_block_quote]

Од личниот профил на Исмет, лесно може да се заклучи дека истиот бил силен поддржувач на Зоран Заев и СДС, но најчесто своите активности на социјалните мрежи ги насочувал против лидерот на ДУИ Али Ахмети, кого во бројни наврати го нарекува воен профитер, предавник и шпион.

Тврдел дека Али Ахмети е гробарот на УЧК во Македонија, и дека седнал во скутот на Македонските политичари на штета на албанската кауза.

Освен критиките кон Ахмети, Кока бил силен поддржувач и на терористичката организација УЧК, но и на терористите од Диво Насеље, споредувајќи ги нив со Ахмети како херои наспроти предавник.

Доаѓањето на Оливер Спасовски на чело на МВР значеше и сигнал дека скопското и македонското подземје имаат одврзани раце да ги решаваат сопствените проблеми, имајќи во предвид дека за време на изборната кампања СДС доби силна поддршка токму од криминалниот свет.

Ова, резултираше со секојдневни инциденти, десетици запалени автомобили, искршени инвентари во скопските локали и рекетирање на бизнисмени.

На почетокот на овој месец во скопската населба Аеродром, лица блиски до СДС извршија брутална ликвидација на младиот фудбалер Мартин Јанушев, а според сите информации МВР и Спасовски се обидуваат да го сокријат вистинскиот убиец и на негово место да наместат лице кое нема врска со случката.

 

 

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This