Бугарин и двајца албански држвајани повpeдени во сообраќајка кај Кичево

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во сообраќајка што се случила во петокот вечерта наспроти Кичевската касарна на магистралниот пат Кичево-Гостивар, учествувале две патнички возила „Фолксваген-Кеди“ со бугарски регистарски ознаки управуван од К.Г.Н.(49) од Бугарија и „Ауди“ со албански национални ознаки управувано од Р.З.(23) од Албанија.

Портпаролот на СВР-Охрид Стефан Димоски информира, дека во незгодата возачот на аудито Р.З. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека возачот на „Фолксвагенот“ и сопатникот од истото возило М.В.(51) од Бугарија и сопатникот во „Аудито“, О.С.од Албанија, се здобиле со телесни повреди.

Увид на самото место извршиле полициски екипи од ОВР-Кичево а причината за несреќата и висината на материјалната штета дополнително ќе биде утврдена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This