Бугарија нема да дозволи суверенитетот и националниот идентитет да се градат на грбот на бугарската историја, децидна бугарската потпретседателка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Имаме нерешени прашања со Македонија. Наша вина е што не успеавме доволно да им ја објасниме нашата национална позиција на европските партнери, изјавила бугарската потпретседателка Илијана Јотова за време на средбата со амбасадорот на Кралството Белгија во Софија, Фредерик Морис.

Таа била категорична дека Бугарија нема да дозволи суверенитетот и националниот идентитет да се градат на грбот на бугарската историја.

Ние не ги знаеме овие проблеми во целост и тие треба да бидат презентирани и разјаснети на јавни дебати, вклучително и на европско ниво, изјавил амбасадорот Фредерик Морис.

Јотова истакнала дека историјата на Балканот мора да биде добро позната за да се разбере бугарската позиција.

Таа се сомнева дека прашањето за започнување преговори ќе се реши до крајот на германското претседателство. Јотова е убедена дека прашањето за проширување мора да се разгледа во контекст на големата дебата за иднината на Европската унија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This