БУГАРИЈА НЕ ПРИФАЌА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА: Името ќе значи навреда бидејќи во тоа име имало и територии на Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Откако стана јасно дека Македонија и Грција се во финалните фази на разговорите за името, и преговараат како што тврдат грчките медиуми за опцијата “Северна Македонија”, се случуваат дипломатски реакции по ова прашање, пишуваат бугарските медиуми. Официјално, Бугарија не се меша во спорот за името, бидејќи ја призна Македонија под уставното име.

„Интересно е сепак каква ќе биде реакцијата на нашата земја, мислејќи на цврсто изразеното незадоволство на премиерот Бојко Борисов против предметниот предлог за името. Пред медиумите во 2012 година тој објави дека Бугарија не се согласува во името на Македонија да има географски поим. Според него варијанти како Северна Македонија се апсолутно неприфатливи, бидејќи од географска гледна точка делови од нашата земја спаѓаат во тоа име. А тоа би била предуслов за територијални претензии кон Бугарија“, пишува актуелно.бг.

“Различни опции се дискутираа во разни консултации со нас: повторувам, една од можностите што ми беа дојдени беше за северна Македонија, ако не грешам и реков дека ние нема да го прифатиме тоа име, бидејќи утре ќе кажат дека Благоевград е Македонски”, рекол Борисов тогаш, потсетува погоре споменатиот медиум.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This