БУГАРИЈА ПРИТИСКА ЗА БУГАРСКО МАЛЦИНСТВО ВО АЛБАНИЈА: Официјална Софија го притиска Европскиот парламент да ги преименува Македонците во Албанија како Бугари!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Софија го ангажира Европскиот парламент за да изврши притисок официјална Тирана да признае бугарско малцинство.

Пратеници на Европскиот парламент, од различни држави и партии, подготвуваат писмо до албанскиот парламент, со кое ќе се бара признавање на бугарското малцинство во Албанија, јавуваат албански медиуми.

Бугарската телевизија „бТВ” објавила дека ова писмо ќе било испратено до албанските власти со цел на списокот од осум малцинства што веќе ги признава Тирана, да бидат вклучени и Бугарите.

Пратениците, исто така, сакаат да го разгледаат и извештајот на Европскиот парламент каде се бараат правата на етничките Бугари во Преспа и Гора.

Бугарскиот европратеник, Ангел Џамбаски, утринава за бугарски медиуми изјави дека законот за малцинства во Албанија се уште не е усвоен, но се дискутира.

Законот бил разгледуван во правната комисија, а во понеделник и вторник ќе биде разгледан и од другите комисии. Бугарското национално малцинство ќе биде застапено и ќе ги брани своите права да биде опфатено со овој закон, рече тој.

Албанскиот премиер Еди Рама деновиве доби телефонски повик од бугарскиот колега, Бојко Борисов, кој побара признавање на малцинството.

Албанија признава Македонци, Грци, Египќани, Власи, Роми, Црногорци, Срби и Бошњаци како како припадници на малцински групи.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This