Бугарската опозиција yдpи по Борисов: Наместо да ги моли Франција и Грција, требаше да побара вакцини од Кина и Русија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Однесувањето на премиерот на Бугарија Бојко Борисов во услови на криза со вакцините е признавање на целосен неуспех, немоќ и неможност да се предвиди ситуацијата, рече лидерот на Бугарската социјалистичка партија Корнелија Нинова, коментирајќи ја изјавата на Борисов за преговорите со Грција и Франција за вакцини.

Според Нинова, наместо такви изјави, владата треба да започне преговори за набавка на руски или кинески вакцини. На својата страница на Фејсбук потсети дека Чешка, Унгарија и Австрија веќе покажаа таков пример.

На 28 февруари, Борисов рече дека владата води преговори со Грција и Франција со цел да и ги позајми вакцините на Бугарија. Тој објасни дека Грција и Франција можат да позајмуваат вакцини за Бугарија да не ја прекинува вакцинацијата, а кога ќе пристигне пратката, вакцините ќе им бидат вратени.

Да потсетиме, опозициската Бугарска социјалистичка партија минатата недела повика на преговори за набавка на руската вакцина против корона вирусот „Спутник ве“ (Спутник V). Бугарскиот министер за здравство Костадин Ангелов изрази подготвеност да ја купи вакцината, но само кога таа ќе биде одобрена од Европската комисија.

Минатата недела Бугарија мораше да престане со масовна вакцинација поради доцнењето во испораката на вакцините АстраЗенека.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This