БУГАРСКАТА ХУНТА ЌЕ ГО БРИШЕ МАКЕДОНИЗМОТ: Бугарскиот пратеник Џамбаски ќе го бришел македонизмот откако договорот ќе биде потпишан!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеникот од редовите на националистичката ВМРО-БНД на Красимир Каракачанов, Ангел Џамбаски, за договорот кој Зоран Заев и Никола Димитров го понудија на владата на Република Бугарија вели дека е добар, дека во него Македонија се обврзува да не го користи уставот за да се грижи за македонското малцинство во Бугарија, дека македонскиот јазик е всушност бугарски дијалект, македонизмот е измислен во 1934-та година и дека со договорот ќе се менуваат историските учебници во Македонија.

 

„Ќе направам една кратка ретроспекција, Македонската нација, македонизмот е измислен за да го подели бугарското опетшство и беше поддржан со години наназад од Коминтерната и нејзините наследници, во 1934 година оваа доктрина е измислена. А сега за темата дали е добар текстот на договорот, текстот е добар, го читав внимателно, помагавме колку што можеме во неговата изработка“ вели Џамбаски.

 

Според него нема никаков сомнеж каков е јазикот на кој говори мнозинството во Република Македонија односно дека станува збор за западно-бугарски дијалектен говор што за пратеникот на ВМРО-БНД е „неоспорен факт“.

„Бугарија не го признава македонското малцинство -Ќе го признаеме ли сега со договорот? -Се разбира дека не, ние ќе ја ЗАДОЛЖИМЕ Република Македонија да не ни го отвора тоа прашање по никој начин, го има ова во договорот, отворете го и ќе го прочитате. А договорот е добар затоа што ние одтука ќе започнеме со промена на учебниците по историја, празнување на заеднички празници, тоа е многу едноставно, ние не сакаме некој посмртно да ја смени националноста на бугарските преродбеници до 1945 година, тоа нема да го дозволиме“.

Партијата на Џабаски како и партијата АТАКА на Волен Сидеров, изразито националистички партии со антимакедонски отворени ставови искажаа големо задоволство од она што Заев, Димитров и СДСМ прифатија да го потпишат со Република Бугарија. СДСМ не дозволи промена на точките во договорот по сугестиите на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои бараа по неколку клучни точки да дојде до промена, за да биде навистина договор во кој ќе се опфатени и македонските интереси, а не само бугарските.

За разлика од Заев и Димитров кои се согласуваат со Џамбаски и националистите од Бугарија, претходникот на Заев, Бранко Црвенковски беше против договор со кој ќе се негираат македонската нација и јазик.

4 КОМЕНТАРИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This