Бугарска правничка ги pacплака 3axapиева и Каракачанов: Зошто барате превод од македонски ако говориме ист јазик

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бугарскиот правник Радосвета Василева продолжува да ги прави дроб сарма Екатерина Захариева и Красимир Каракачанов.

Како што напишавме минатиот пат, Василева е доктор на правни науки при Универзитетскиот колеџ во Лондон (Велика Британија), магистер по право при Универзитет Париз 1 Пантеон-Сорбона (Франција) а додипломските студии ги завршила на насоката по меѓународни односи при Универзитетот Тафтс (САД).

Василева на твитер напиша:

Најмалку што можам да ве упатам кон договорот меѓу Македонија и Бугарија за правна помош, ратификуван од Бугарија во 2001 година. Ако бугарскиот и македонскиот се еден ист јазик, тогаш зошто се бара заверен превод. Што преведуваме, напиша таа на твитер и го презентираше член 9 од тој договор.

Во коментарите Василева дообјаснува дека не станува збор за правните термини во двете држави, туку превод на документите кои се заверуваат.

Во предходната објава на твитер, што ја објавивме на порталот Во Центар, Василева напиша:

Бугарија ратификуваше договор за признавање преводи на македонски јазик уште во 1956 година. Спорот (за мене) заврши тогаш, вели таа.

Договорот, фала му на Бога, сè уште е на сила, вели Василева и го цитираше членот од тој договор:

Член 8

1) Барањата за услуга и правна помош се изготвуваат на бугарски или српско-хрватски, словенечки, македонски јазик.
2) Документите и другите трудови што се изготвуваат при спроведување на барањата од став. 1 од овој напис мора да биде напишан на еден од јазиците. наведени во истата алинеја.

Инаку станува збор за ДОГОВОР МЕЃУ НАРОДНА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА И ФЕДЕРАТИВНА НАРОДНА РЕПУБЛИКА ЈУГОСЛАВИЈА ЗА МЕЃУСЕБНА ПРАВНА СОРАБОТКА.

Овој договор е ратификуван со указ број 167 на Президиумот на Народното Собрание на Бугарија од 8 јуни 1956 година, вели Василева.

Поранешниот претседател на бугарското Собрание, Александар Јорданов пред три години исто така го критикуваше Каракачанов дека го признал постоењето на македонскиот јазик.

Во интервјуто за националната телевизија БТВ тој изјави: Красимир Каракачанов јасно кажа ја признавме земјата со ова име, го признавме и македонскиот јазик, рече поранешниот шеф на парламентот.

Сппред Јорданов, Каракачанов беше во посета на Скопје на 16-ти септември 2018 година, како министер за одбрана, каде што дозволи неговиот говор да биде преведен на македонски јазик и не се спротистави на тоа дека неговите одговори се преведуваат на македонски јазик, се присетува Александар Јорданов

Latest News

Euro 2024 Schedule Revealed Key Dates and Matches

The UEFA European Championship, commonly known as the Euros, is one of the most prestigious football tournaments in the...

More Articles Like This