Бугарскиот архитект Овчаров со навреди кон Македонците: „Кои сте вие драги Северни Македонци, менувате идентитет на неколку години“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Архитектот Николај Овчаров од Бугарија во тамошниот весник „Труд“ се пресмета со „браќата“ отаде границата, навредливо нарекувајќи ги „Северни Македонци“ и исмевајќи им го националниот идентитет.

„Кои сте вие драги Северни Македонци? Денешните чувари на словенското потекло и на ‘идентитетот’ на вашиот народ или оние кои пред само неколку години тврдеа дека потекнуваат директно од родот на Александар Велики? Оние чиј тогашен премиер Никола Груевски во јули 2008 година ги пречека на црвениот тепих на тогашниот аеродром ‘Александар Велики’ (веќе го изгуби славното име!) пакистанскиот принц Газанфар Али Кан и неговата сопруга принцезата Рана Атика?“, вели Овчаров.

„Си припомнувам на овој настан што се случи не толку одамна, не за да се зајадувам, туку за да покажам колку е променлив ‘македонскиот идентитет’ со текот на времето. И на крајот на краиштата јас не можам да изберам што е попретставително – да си ‘Бугарин-Татар’ или да потекнуваш од Пакистан“, додава архитектот во написот насловен „Истакнат Северен Македонец навестува распад на бугарската држава“, мислејќи на претседателот на Светскиот македонски конгрес, Тодор Петров.

Latest News

Nhà Cái FABET – Một Điểm Đến Uy Tín Cho Cá Cược Bóng Đá

Cá cược bóng đá ngày càng trở nên phổ biến trên toàn thế giới, và việc chọn một nhà...

More Articles Like This