Власта го иckина европското знаменце злoyпотребувајќи го за закони кои се од нивен личен интерес

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова мнозинство на власта, никако не може да постигне кворум, ни на пленарини седници, ни во комисии. Проблемот не е само во време на пандемијата, тој е континуиран, дополнително тие се и неодговорни, рече Жаклина Пешевска, претседателка на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ на гостувањето во емисјата Филибастеринг на радио Лидер.

Пешевска рече дека камерите треба да се свртат кон мнозинството.

„Само така граѓаните ќе може да ја видат атмосферата, ќе се види дека и ако дојат се без материјали и слично. Ние поради нив не можеме да постигнеме ништо за граѓаните токму поради нивното однесување. Тие имаат само игнорантски однос кон пратениците од опозицијата, како и кон јавноста и кон граѓаните“, рече Пешевска.

Пешевска кажа дека за ваквиот начин на работа информирани се и меѓународните претставници.

„Власта го злоупотребува европското знаменце, ова мнозинство го искина европското знаменце од злоупотреба. За ова имаа имаше многу забележки. Тројно е зголемена употребата на европско знаменце во овој период исто и на скратената постапка“, вели Пешевска. Таа се осврна и на пакет мерките од Владата кои беа задоцнети, но и несоодветни. „1,2 милијарди евра беа за ревиталзиацаија на стопанството, искористија 350 милиони, граѓаните ги интересира каде се парите. Сега имаме само пакети за задолжување, а ништо не се прави“, рече Пешевска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This