БУНДЕСТАГОТ ДАДЕ СОГЛАСНОСТ ЗА МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА: Со 476 гласа за и 122 против и 16 воздржани пратеници Бундестагот го одобри поетокот на преговорите на Македонија и Албанија со ЕУ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бундестагот пред малку даде зелено светло за почеток на преговорите на Македонија за влез во ЕУ.

Со 476 гласа за и 122 против и 16 воздржани пратеници Бундестагот го одобри поетокот на преговорите на Македонија со ЕУ. Пратениците во исто време гласаа и за почеток на преговорите на Албанија.

На седницата во Бундестагот присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи.

Десетината говорници се согласија дека Македонија и Албанија направиле напредок и дека на регионот Западен Балкан треба да му се овозможи приближување кон ЕУ.

Според пратеникот од владејачката ЦДУ /ЦСУ Петер Бејер малдите луѓе од Македонија и Албанија треба да живеат во средина каде ќе бидат применувани европските стандарди и ќе имаат позитивна перцепција за ЕУ.

Пратеникот Кристијан Петри од коалициската СПД рече дека овие земји бараат помош, дека се подготвени за реформи и дека треба да им се овозможи да го почнат процесот, што беше поздравено со бурен аплауз.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This