Бeз кoмeнтap…: Бyквaлнo ce изживyвaл вpз нeгoвaтa инвaлиднa coпpyгa вo пoвeќe нaвpaти – ќe ви ce згpoзи oд тoa штo гo пpaвeл

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Основното јавно обвинителство Гостивар до надлежниот суд поднесе Предлог за издавање казнен налог против лице на возраст од 53 години, за сторено кривично дело – Повреда на семејни обврски од член 203 став 1 во врска со член 45 од Кривичниот законик.

Обвинетиот во неутврден временски период со груба повреда на законските обврски, намерно навремено не пружил нега на неговата сопруга која е неподвижно лице. Обвинетиот не се грижел за одржување на личната хигиена на оштетената, не и давал лекарства и храна. Тој во неколку наврати ја скубел за косата и ја туркал по рацете и и давал несоодветни лекарства за успивање.

Поради стореното кривично дело, Основниот суд Гостивар на обвинетиот му изрече казна затвор од три месеци која нема да се изврши доколку  не стори ново кривично дело во рок од една година.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This