Бopиcoв ќе се кандидира за пpeтседател

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ако има привремена влада, Бојко Борисов ќе влезе во претседателска трка.

Ова стана јасно од неговите изјави за новинарите кои го чекаа пред болницата од каде претпладнево беше отпуштен по хируршката интервенција на неговото колено откако беше повреден пред два дена додека играл фудбал.

Борисов и денеска не се појави во парламентот на сослушување за кое во два наврати доби покана од пратениците.

„Како да го сторам тоа“, рече тој.

Борисов одговори на новинарските прашања околу претседателските избори, тврдејќи дека не гледа причина да се повлече од политиката, имајќи предвид дека повеќето луѓе гласаа за него, за неговата партија и за политиката што ја водат.

„Ако Слави Трифонов не формира влада со мнозинство од 165 гласа, тогаш тие се кукавици“ обвини Борисов.

На прашањето каде и кога им се расипаа односите со Слави Трифонов, лидерот на ГЕРБ рече:

„Едноставно, во еден момент Слави Трифонов реши да направи партија, а јас сè уште не сум решил да направам шоу“.

Претседателските избори во Бугарија треба да се одржат есенва.

Извор: Експрес

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This