Бpиceл ни кажа „caжаљавам сас вас“: ЕП нe го ocyди „неодговopното“ однecyвањe нa Бугapија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Падна анти-бугарскиот амандман на Извештајот за напредокот на Европскиот парламент за Република македонија“, изјави за БГНЕС европратеникот Андреј Ковачев.

„Го спречивме најлошото. Мислам дека е голем успех затоа што можевме да мобилизираме толкава поддршка за ова гласање “, вели Ковачев според кој бугарските европратеници успеале да мобилизираат голема поддршка од колегите и најпосле резултатот бил 232 „за“, 353 „против“ и 97 воздржани за амандманот на четворица претставници на европските социјалисти и зелени со кои се осудуваат провокативните изјави на бугарски претставници за историски прашања

Претходно, вчера, Зелените и социјалистичките групи во ЕП предложија измени и дополнувања на Извештајот со, како што пренесува БГНЕС, крајно неизбалансирана, еднострана и нефер содржина за Бугарија.

Во нив, претставници на бугарската влада беа обвинети за „провокативни изјави за историски прашања“ што ја засегаа Македонија и ги повикаа бугарските власти да се воздржат од такви изјави.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This