БPУКА HEBИДЕНА: Го тргнаа споменикот на вojводата за да продаваат сувенири

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На „Гумење“ во Крушево во тек е поставувањето на куќарки-сувенирници во рамки на Проектот за развој на авантуристичкиот туризам.

Како што информираат од крушевската локална сампоуправа, веднаш до спомен-куќата „Тодор Проески“ ќе бидат поставени пет вакви куќарки кои ќе им бидат достапни на локалните производители за понуда на сувенири на посетителите и туристите.


Според крушевскиот градоначалник Томе Христоски со поставувањето на сувернирниците ќе се уреди овој простор.

– Со куќарките ќе го уредиме просторот и ќе отстапиме место на локалните производители кои секојдневно работат со туристите кои доаѓаат во Крушево. Со ова ја подобруваме услугата спрема туристите, но и ја подобруваме локалната економија, вели Христоски.

Вкупната сума на целосната инвестиција за поставувањето на овие објекти е околу три милиони денари, додека целиот проект е во вредност од 500.000 евра.

Во рамки на проектот „Кругот на адpeналинот – развој на авантуристички туризам“, финансиран од ЕУ и имплементиран од Кацеларијата на вицепремиерот за економски прашања во Владата на Република Северна Македонија, во тек се: реконструкција на спортската сала, обележување на патеки за велосипедизам, изработка на веб-сајт, веб-апликација и видео, спроведување работилници, поставување информативни табли и други содржини.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This