ВАЖНА ВЕСТ ЗА ЦЕНТАРЦИ: Доколку сакате да го користите возилото утре, дислоцирajте го денес

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поради посетата на Папата Франциск, во Скопје се воведува посебен сообраќаен peжим и промени во движењето на граѓаните.

Поради специјалниот peжим на движење, граѓаните што живеат во централното градско подрачје, во зоната „Голем ринг“, во вторник нема да може да ги користат своите возила, доколку сакаат да ги користат возилата ќе мора истите денеска да ги извадат од рестриктивната зона.

-Апелираме, граѓаните коишто живееат во централното градско подрачје (во зоните А1, А3, А4, А5, А06, А8, Б2, Б3, Б6 и Б7) почнувајќи од понеделник, 06.05.2019 година по 16:00 часот, своите возила да ги дислоциpaат и истите да ги паркираат во непосредна близина на Градско Собрание, зона Ц80 и Ц81 или зона Ц33 (под Железничка станица) и јавните паркиралишта ЗОИЛ и Тутунски комбинат, велат од Град Скопје.

Граѓаните кои имаат потреба од своите возила на ден 07.05.2019 година, ќе биде потребно истите да ги дислоциpaат надвор од рестриктивната зона на 06.05.2019 година, во спротивно возилата нема да може да направат излез од рестриктивната зоната за време на посебниот сообраќаен peжим.

Сите паркиралишта со кои стопанисува ЈП Градски паркинг-Скопје ќе бидат бесплатни за користење почнувајќи од 06.05.2019 година (понеделник) по 16:00 часот.

Катните гаражи „Беко“ и „26 Јули“ во вторник 07.05.2019 година нема да бидат во употреба, односно ќе бидат затворени.

Latest News

Boosting Your Deposit Limits on Go88 A Comprehensive Guide

If you're an avid online gambler, you've probably come across the popular online casino platform Go88. It offers a...

More Articles Like This