ВАКА ИЛИ ОНАКА, ОБРАДОВИЌ ВЛЕЗЕ ВО ЕЛЕМ: Српскиот мешетар е всушност директорот во сенка во АД „ЕЛЕМ“!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не стана директор, ама доаѓа на работа секој ден во ЕЛЕМ. Поранешниот директор на српското електростопанство, Александар Обрадовиќ, секој ден доаѓа во зградата на ЕЛЕМ каде што веќе има и сопствена канцеларија, пишува порталот А1он.

 

За да биде сместен, исфрлени се досегашните двајца советници на директорот и преместени се во друг простор. Не е познато која е улогата и функцијата на Обрадовиќ, кој го плаќа, од кои пари и по која основа е ангажиран во најголемата државна фирма за домашно производство на струја.

Претходно, кога имаше најава дека Обрадовиќ ќе биде новиот директор на ЕЛЕМ, Владата започна постапка за доделување македонско државјанство на поранешниот директор на српското електростопанство, а тогаш информацијата ја потврди потпреседателот на Владата, Кочо Анѓушев, кој рече дека прашањето било разгледувано на владина седница.

За Обрадовиќ се врзуваат многу афери, што беше причина за острите реакции при спомнување на можноста тој да биде новиот директор на ЕЛЕМ. За него се пишуваше дека како директор на српското електроспанство со милионски евра исплаќал советници, делел државни тендери на фирма во која претходно бил вработен и делел откази на вработени во пиар-службата кога бил спомнат во негативна конотација во српските медиум. Тогашниот премиер Александар Вучиќ го смени, според пишувањето на српските медиуми, поради малверзации во јавното претпријатие и непочитување на владината одлука за штедење.

Опозицијата при спомнувањето на можноста дека Обрадовиќ е во најтесниот круг за избор на директор уште веднаш обвини дека власта преку него сака да испумпа пари од најбогатата компанија во државава во приватни џепови, а подобар за тоа, според нив, нема од ексдиректорот на српското електростопанство.

1 коментар

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This