Вака се привлекуваат странски инвестиции: Отворена нова германска фабрика во Србија за електронски системи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска во Нови Сад присуствуваше на отворањето на фабриката на компанијата Континентал Аутомотив Србија, која се гради со помош на германски инвеститори.

Тој вели дека отворањето на оваа фабрика покажува колкав напрдеок имаат Војводина, Нови Сад, а воедно и Србија во последните неколку години, бидејќи таму немало ниту една фабрика 35 години.

-Оваа година во април, во Нови Сад ќе биде оформен и првиот Институт за вештачка интелигенција. Србија е спремна за нова технологија, вели Вучиќ.
Претседателот Вучиќ и се заблагодари на германската канцеларка Ангела Меркел за инвеститорската помош која Германија и ја даде на Србија, како и отворање на пат за пријателство помеѓу Србија и Германија.

Германската компанија Континентал во Нови Сад ќе работи на развојот на напредната електроника за автомобилската индустрија.

Додека Србија започнува со развој на напредна технологија и гради фабрики со помош на странски инвестиции, во меѓувреме инвестициите во Македонија никаде ги нема.

Инвестициите кои беа најавени, никако да дојдат. Најпрво, премиерот Зоран Заев тврдеше дека инвестициите зависат од членството на Македонија во НАТО, а сега пак од пописот и можните предвремени избори.

Истот така и фабриките кои се најавени и треба да се отворат во Македонија, не се ниту мал процент од она што се отвора во соседството.

Сепак, податоците покажуваат дека инвестициите се во паѓање последните неколку години. Во 2018 година имало 625 милиони евра странски нето-инвестиции, во 2019 над 300 милиони, или, двојно помалку, а за ланската година се уште се чекаат податоците.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This