ВАКЦИНАТА ПРОТИВ РАК ПРИСТИГНА ВО МАКЕДОНИЈА: Куба донираше вакцини против рак на бели дробови – се чека одобрување за користеење!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кубанските вакцини против рак на бели дробови, донација за државата, пристигнаа, но пациентите не може да ги примаат. За вакцините треба да се направи испитување и за квалитетот и за тоа дали сѐ што е декларирано на нив е точно.

kubanska_vakcina

Ова испитување, иако се очекувало, не може да биде на Фармацевтскиот факултет, па ќе се чека да го заврши некоја странска лабораторија. Дури по него ќе може да почне регрутација на пациенти и испитувања за тоа дали може да ја примаат. Дотогаш вакцините ќе чекаат на Клиниката за онкологија и радиотерапија.
– Вакцината пристигна во Македонија, на Клиниката за онкологија е, но не е дадена. Ги чекаме испитувањата на Фармацевтскиот факултет во Скопје за да може да се даде. Треба да се испита квалитетот и дали содржи протеин што треба да дејствува, во количество во коешто пишува на декларацијата – вели Марија Дарковска-Серафимовска, директорка на Агенцијата за лекови и медицински материјали.

Предвидено е донацијата да биде за 30 пациенти, кои би ја примале вакцината во тек на една година. Засега пристигнале количества за три месеци, но штом ќе почне да се аплицира, објаснува нашата соговорничка, ќе пристигнат и другите. Донацијата значи дека пациентите, кои може да ја примаат, ќе ја добиваат во тек на една година, а потоа ќе треба да си ја купуваат.
– Испитувањето во рамките на студијата се изведува во 18 земји на Европска Унија. Вакцината е за неситноклеточен карцином на бели дробови и може да се прими само на доброволна основа. Таа не е регистрирана кај нас, ниту во Европа, зашто се во тек испитувањата – вели таа.

Вакцината, според досегашните наоди, болеста ја става во хронична состојба, а преживувањето, вели Дарковска-Серафимовска, е 8 месеци во просек. Или колку порано е откриен ракот толку преживувањето е поголемо.
– Ние бевме усно информирани дека нешто се случува со испитувањата на Фармацевтскиот факултет, но немаме ништо писмено – вели таа.

Д-р Милан Ристески, директор на Клиниката за онкологија вели дека по одобрувањето на вакцината за да се регрутираат пациенти, кои би сакале да ја примаат, мора да се направат низа испитувања за тоа дали може да ја добијат. Некои од овие испитувања се прават во установата, а некои на друго место. Но засега е отворено прашањето кој би ги платил испитувањата.

Проф. д-р Александар Димовски од Фармацевтскиот факултет вели дека вакцината не може да се испита во оваа установа. Имено, таму нема валидирана и сертифицирана лабораторија за вакво испитување.
– Вакцината треба да се прати во овластена лабораторија на испитување – објаснува професорот.
На истекот на минатата година, кога се очекуваше да пристигне вакцината, од Агенцијата за лекови, рекоа дека оние што имаат оправданост за примена на вакцината се пациенти со трет или четврт стадиум на болеста, каде што нема алтернатива за друга терапија и претходно не примале хемотерапија. Тогаш се очекуваше нејзиното испитување да трае околу десетина дена. И кога пристигна вакцината се очекуваше брзо да заврши испитувањето, но речиси 10 месеци потоа таа не се дава.

Наташа Бошковска – Златкова
Нова Македонија

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This