ВАРДАРСКО-МОРАВСКА ДОЛИНА И ШТО ТОА ЗНАЧИ: Поврзување на Северно со Егејско море преку Вардар во „фараонски“ проект!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите големи сили во светот ги изградиле големите канали. Од Панамскиот до Суецкиот. Затоа изградбата на каналот Дунав-Морава-Вардар, кој би го споил Северното море со Егејското, не треба да се гледа како утопија. Ако пресметките велат дека тој пловен пат ќе донесува профит за некого, тоа ќе биде и визија. Баш како онаа за новиот кинески „Пат на свилата“

kanal

„Одлучивме да продолжиме со своите значајни и големи идеи од визионерски карактер“, порача гостинот на официјален Белград, премиерот на Грција Алексис Ципрас. За да не остане недоумица, веднаш објасни дека не мисли само на железницата до Солун. Туку на идејата за поврзување со Егејското море која е стара повеќе од сто години.

Освен српските и грчките власти, за проектот секако дека е заинтересирана и Македонија. На оваа тема зборуваа и Српскиот и Македонскиот претседател во ноември минатата година, кога во Белград на работна посета беше Ѓорѓе Иванов, кој оцени дека каналот Вардар-Морава е историска шанса за регионот која поради идните генерации не смееме да ја пропуштиме.

Тогаш Иванов утврди дека постојат уверувања дека Кина е спремна да најде финансиски партнер за изградба на пловниот канал доколку за тој проект се договорат Србија, Македонија и Грција.

Проектот Морава-Вардар бил мртов се до 1961 година, кога одново се започнати студии за истиот. Таа година е изработен и проект на основа на идејата на СФРЈ и Грција. Експертите на Обединетите нации во 1973 година, за време на посетата на СФРЈ ја проверувале валидноста на овој проект, кој го ревидирале и одобриле, образложувајќи дека тој би можел да биде економски оправдан. На основа на тоа Европската Заедница до 1990 година финансирала студја за пловно уредување на Вардар.

За Кина, втората економска сила во светот, која неодамна на собирот на Светскиот економски форум, го презема знаменцето на лидер во економскиот глобализам, изградбата на каналот која би траела околу една деценија и би чинела според првичните проценки преку 15 милијарди долари, во финансиска и технолошка смисла не е невозможна мисија. Прашање е само како ќе ги определат своите приоритети.

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This