ВАРХЕИ: Излегувајќи од kpизата, нашите односи со регионот се зaсилуваат

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Комесарот за проширување Оливер Вархеи проценува дека ЕУ и Западен Балкан со зајакнати односи излегуваат од kpизата со Ковид-19.

Говорејќи за поддршката на ЕУ за Западен Балкан во бopбата против Ковид-19, Вархеи нагласи дека давањето помош не е трка, туку смислен и корисен чин.

„Излегувајќи од kpизата, нашите односи со регионот се зaсилуваат, а партнерите се чувствуваат повеќе поврзани со ЕУ“, напиша комесарот на својот профил на Твитер.

По самитот на лидерите на ЕУ и Западен Балкан, комесарот за проширување истакна дека завршната декларација од самитот потврдува дека поддршката и соработката што ЕУ ја има со регионот „далеку го надминува она што другите партнери можат да обезбедат“.

„Тоа е реченица поддржана од сите лидери на ЕУ27, но и од лидерите од Западен Балкан“, нагласува тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This