Василевска: Власта место да се занимава со планирање на пописот, го распродава националното достоинство

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пратеничката Иванка Василевска од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата 24 анализа, истакна дека она што е спорно и што го кажале како став на опозицијата е пописот на резидентното население.

„Она што треба да го знае јавноста е дека веќе е премногу доцна, се поминати роковите.“ – вели Василевска.

Таа потенцираше дека требало порано да се случат обуките на лицата кои го спроведуваат, да се случат набавките, да се изнивелираат одредени членови во законот, за да има успешен попис како што апелирал и Држаниот завод за статистика. Истата таа пописна операција е значајна за проектирање за наредните 10 години.

„Власта имаше повеќе желба да се занимава со распродавање на националното достоинство и нивните бизниси како владејачки клан. А ова се постави откако ќе се постават нивните приоритети.“ – рече Василевска.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This