,,ВАШИНГТОН ТАЈМС“ЈАВНО ГО ПРОЗВА БЕЈЛИ ЗА МЕШАЊЕ ВО ВНАТРЕШНИТЕ РАБОТИ НА МАКЕДОНИЈА:Американскиот амбасадор ги пречекори своите граници во помагањето на левицата во Македонија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веќе пишувавме како Џорџ Сорос се обидува преку Стејт Департментот да ја наметне својата волја во Албанија, но за жал проблемот метастазира како вирулентен рак и се заканува да ги уништи конзервативните влади низ целиот Балкан, пишува влијателниот американски весник „Вашингтон Тајмс“

tajms-640x395

„Вашингтон Тајмс“ пишува дека последната суверена земја во која американскиот амбасадор ги пречекорил своите граници во помагањето на левицата е Македонија, каде конзервативците се во борба против, како што се нарекува, „армијата на Сорос“.

Весникот потсетува дека Џудишал Воч, една од најголемите американски организации кои се борат за транспарентност во работата на американските власти, соопшти дека покренала истрага за Стејт Департментот и УСАИД, по најавите дека американската Влада била вмешана и финансирала обид да се смени власта во Македонија.

„Вашингтон Тајмс“ додава дека соросовиот Стејт Департмент, може да игра улога ако левичарската Социјалдемократска партија, поддржана од сојузот на етничките Албанци, победи во борбата за власт која се води во моментов.

-Неколку американски конгресмени ја изразија својата загриженост во врска со кризата Македонија, но новото раководство во Стејт Департментот работите не ги движи брзо, пишува Вашингтон Тајмс и додава дека стратегијата на старата администрација на Обама е што е можно подолго да одложуваат агендата на Трамп да стапи на сила и да се намали конзервативнто движење во светот што е можно повеќе пред администрацијата целосно да се смени.

„Вашингтон Тајмс“ пипува дека Америка треба да се врати за да биде зрак на светлина и надеж во светот, а не брод за деструкција и уништување на општествата поттикнато од богатството на неколку манипулативни и идеолошки заведени мажи и жени.

-Дејствување е потребно во Македонија – Вчера!, пишува „Вашингтон Тајмс“.

Целиот текст на „Вашингтон Тајмс“ може да го прочитате ТУКА

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This