ВЕЛЕС СЕ ГУШИ: Се уште гори депонијата во Велес

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Веќе втор ден облаци од чад го прекриваат Велес. Велешани во текот на целиот вчерашен ден дишеа загаден воздух, а поради ветерот кој дуваше во правец на градот целиот чад од пожарот на градската депонија, заврши право во градот.


Состојбата е најкритична во населбата Речани, каде жителите на населбата на социјалните мрежи се жалеа дека едвај дишат.

„Најзагаден воздух е кога има пожар на депонија, кога гори отпад во воздухот се ослободуваат најтоксичните материи кои имаат и канцерогени својства и затоа се трудиме ги концентрираме сите средства да го локализираме пожарот“ – вели Билјана Шуркова Манаскова, овластен инспектор за животна средина во Општина Велес.

Надлежните веруваат дека депонискиот гас е најверојатна причина за пожарот, но не се исклучува можноста дека станува збор за човечки фактор кој го предизвикал пожарот.
„Во велешката депонија постојат неформални собирачи на отпад кои постојано влегуваат и излегуваат, но може да настане и од човечки фактор ваква последица“ – вели Шуркова Манаскова.

Депонијата гори веќе втор ден, а надлежните според граѓаните се уште не реагирале соодветно на проблемот кој го имаат граѓаните.

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This