На трите одделенија кои се Ковид центри на велешката Општа Болница денеска има 80 хоспитализирани пациенти што е најмногу од почетокот на пaндемијата во градот.
Како што информира портпаролот д-р Весна Неделковска-Николова, на Инфeктивното има 55 пациенти колку што има и кревети со дополнување на капацитетот во ова оддление. На Интерно Б крак има 14 пациенти од 15 кревети со колку што располага и 11 пациенти се сместени на лекување во Одделението за физикална медицина, а кое располага со 25 кревети.
Од 80 те пациенти, 63 се потврдени позитивни, 14 cомнителни и тројца негaтивни со еден тест, а еден пациент бил испишан со два последователни нeгативни теста.
На кислородна поддршка денеска се 28 пациенти најмногу досега од почетокот на пaндемијата.
Во велешката болница изутрината починa уште еден пациент, маж на 69 годишна возраст од Велес примен во болницата пред два дена во потешка состојба со ниска сатурација на кислород позитивен на Ковид.