Велешките таксисти најавуваат протести

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Да се ослободат од приватни возила обележаните такси стојалишта и да се намали бројот на диви таксисти во Велес. Ова се двете барања на велешките такси превозници, кои им ги пренесоа на надлежните институции во градот.

Таксистите велат дека ова се клучните фактори што овој бизнис станува се понеисплатлив и неатрактивен. Тие се жалат што наместо на легалните стојалишта, мораат да чекаат патници на места кои не се предвидени за такси, па ризикуваат големи казни..

„Таксист сум 20 години, ниеден ден не сум рекол дека денес е подобро од вчера. Лиценцираните возила се намалени, секој ден ризикуваш дали ќе те казнат 2.000, 3.000 евра“ – рече Тони Јосифов – Здружение на такси превозници од Велес.

Вината ја гледаат во полицијата и општинскиот сообраќаен испектор. Им прогледуваат низ прсти на возачите кои им ги зафаќаат стојалиштата, но и ги толерираат дивите таксисти, вели Јосифов.

„На состаноков увидовме дека полицијата малку се оградува, иста ќе биде ситуацијата“ – вели Јосифов.

Од велешката полиција не се согласуваат со тврдењата на таксистите. Велат дека непрописно паркираните возила редовно се санкционираат.

„Министерството за внатрешни работи, секторот за внатрешни работи Велес презема редовни мерки и активности за отстранување и санкционирање на возилата кои се непрописно паркирани, како на местата каде што тоа не е дозволено, така и на местата кои се обележани како простор за паркирање на такси возила. Само во последните шест месеци на подрачјето на СВР Велес се изречените околу петстотини мандатни казни за погрешно паркирање. Овие активности ќе продолжат интензивно и во наредниот период“ – велат од МВР.

Ова не е првпат велешките таскисти да се жалат на истите проблеми. Пред неколку години тие протестираа низ улиците, но ситуацијата речиси остана иста. Во Велес има место за 250 лиценцирани такси возила, но, неатрактивноста на бизнисот и многуте наталожени проблеми, наместо да ја зголемат, ја намалија бројката на лиценци од 150, на 120.

Речиси толкава е и бројката на нелегални таксисти. Велешките такси превозници порачаа дека ако не се подобри состојбата, ќе мораат повторно да го искористат стариот метод – протест со возилата низ улиците на градот.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This