ВЕТУВАШЕ ПАРКОВИ, КАРПОШАНИ ДОБИЈА ЕКОЛОШКА НЕПОГОДА: Еколошка бомба и купишта ѓубре низ Карпош

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

„Стефан Богоев, градоначалник на Карпош во предизборниот период ветуваше изградба на голем парк. Богоев ветуваше цитирам: „Големиот парк ќе се простира од потегот на Скејт паркот до бунарите за вода, по должина на реката Вардар паралелно со Карпош 4, Карпош 3, Злокуќани, Влае 1 и останатите населби. Паркот треба да биде поврзан и со пешачки премин кој ќе оди над улицата „Илинденска“ како и со мостот „Газела“, со другата страна на Вардар, односно делот од Карпош кај Злокуќани“, истакна на денешната прес-конференција Теодора Андоновска од ВМРО-ДПМНЕ.

Таа посочи дека наместо парк гледаат купишта ѓубре.

-Ова место е еколошка бомба и најдобар доказ за негрижата на Богоев. Дополнително е потенцијално место и извор на разни зарази и болести. Стефан Богоев и после 6 месеци како градоначалник на Карпош ги лаже жителите на оваа општина. Освен празни ветувања ништо друго не видовме од градоначалникот Богоев. Ниту парк видовме, ниту ветениот мост е во најава, а ниту пак се забележани било какви градежни активности. Вака ли треба да изгледа една урбана скопска општина. Го прашуваме Богоев зошто ветуваше проекти на жителите на Карпош кога не може да исполни ниту едно од нив! Вака ли Богоев го замислува разеленувањето на Карпош, нагласува Андоновска.

Таа му порача на градоначалникот Богоев наместо да се занимава со политиканство и добивање на ситни политички поени како и со бркање на луѓето од работа да почне да ги реализира своите ветувања дадени во предизборниот период.

Republika.mk – содржините, графич

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This