April 28, 2024, 12:53 pm

ВЕ ИЗМОРУВААТ И ВЕ ВЛЕЧАТ НАЗАД: Ослободете се од овие навики ако сакате да бидете среќни

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Навиките го прават животот. Доколку не ги менуваме нашите навики, во животот нема ништо да се промени. Факт е дека сакаме промена, колку пати сме си рекле на себеси дека од утре ќе биде поинаку, ќе свртиме нов лист, ќе почнеме со диета, ќе почнеме да се движиме повеќе, да читаме книги, да се дружиме со позитивни луѓе, да ги промениме мислите.. Но тоа утре никогаш не доаѓа. Па порди тоа, немојте повеќе да го користите овој збор, почнете да ги променувате вашите навики уште сега и живејте го животот кој го сакате. Ви споделуваме неколку совети како да почнете да живеете по квалитетно и по здраво.

1.Престанете да мислите дека можете се да направите сами

Не можете. Сите имаме свои слaбости и сите на сите ни се потребни други за да го постигнеме нашиот полн потенцијал. Откако постои светот, за човекот е наменето да не биде сам и тоа не се променило воопшто и после толку многу години.

2.Престанете да им велите на другите дека сте уморни

Колку пати во животот сте ја кажале оваа реченица? На некои тоа едноставно им е природен одговор на прашањето „Како си?“ Но групата вистина е дека на никого не му е гајле за тоа што вие сте уморни. Вербализирајќи го тоа чувство не само што го пренесувате во акција кај вас самите туку и го пренесувате и на другите.

3.Престанете да гледате вести

Не е важно дали сте левичар или десничар, koмунист, капиталист или нешто сосем трето – вестите се ѓyбре. Кој престанал да ги гледа, станал среќна личност. Тоа што не гледате вести не значи дека сте неинформирани или дека не ви е грижа за светот, ќе се зачудите кога ќе видите дека вестите ќе го пронајдат патото до вас дури и ако се придржувате до советот кој ви го даваме.

4.Прeстанете да го одложувате проcтувањето

Ако постои некој со кого сте ckaрани, време е тој терет да прeстанете да го носите со себе. Јавете и се на таа личност без оглед на тоа дали вие сте били виновни или не, побарајте проcтување, едноставно пуштете го нештото. Ве уверуваме дека тоа ќе биде една од најохрабрувачките и најпоучни искуства во животот.

5.Престанете да велите ДА во секоја прилика

Колку сте по успешни, тоа почесто ќе морате на другите да им велите „не“.

6.Престанете да ја чекате вашата „голема шанса“, такво нешто не постои

„Мислам дека ова би можело да биде мојата голема шанса“ Звучи познато? Но, кратко после некое такво случување, се се враќа во нормала. Само обидувајте се да ги прифаќате сите позитивни мигови, секој ден, со надеж дека сето тоа ќе прерасне во успехот кој го имате зацртано во својата глава.

Извор Среќа

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This