(Видео)„А што е со злocтopcтвата врз Србите?“: Вучиќ пред Советот за бeзбедност на ОН го покрена прашањето за злостopcтвата кон Србите на Косово

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Српскиот претседател Александар Вучиќ на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации го покрена прашањето за злосторствата кон Србите на Косово.

– Што е со она што Харадинај го направи на Косово? Тоа заврши со ослободителни пресуди пред Меѓународниот кривичен сид во Хаг. Што е со злосторствата врз цивилите во БиХ, Хрватска? Тоа не беше интересно. Но, честопати е Србија виновна и Србите често се обвинуваат. Ние ги осудуваме злосторствата извршени во Сребреница. Како и да е, ние ја поздравуваме работата на Трибуналот и механизмите. Обично се случува судењата да се спроведуваат против Србите – потенцира тој.

Тој објасни како, според неговото мислење, треба да се спроведува правда.

– Насер Ориќ беше осуден за злосторства против Србите во БиХ, а потоа беше ослободен. Сите сведоци во случајот против Харадинај мистериозно се самоубија. Според пресудите, излегува дека никој не сторил кривично дело против Србите. Но, ние во Србија сè уште се бориме за помирување и почитување. Србија е мала земја, но со храбри луѓе.

10 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This