Во недостиг на проекти со кои град Скопје и градоначалникот Шилегов ќе се пофалат пред скопјани, градската администрација реши да ликува со објавување на видеото од отстранувањето на споменикот на Македонскиот револуционер Андон Лазов Јанев – Ќосето
Акцијата траеше два часа по полноќ, а како што рекоа од Градот избрано е ноќно време за да не се предизвика застој во одвивањето на сообраќајот на една од најфреквентните крстосници кај Врховниот суд. Секако, таквото бенигно објаснување зошто бандитски во три часот по полноќ беше отстранет споменикот е неточно, ако се има во предвид дека беше ангажирааи полициска екипа да ги чува работниците, која остана потоа цел ден да го чува празниот постамент каде што беше поставен споменикот.
Во отстанувањето беа ангажирани два камиона и еден кран.
https://www.facebook.com/CityofSkopje/videos/1718981784814693/