Аздисаноста на власта и бесцелното трошење на парите на граѓаните не запира. Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска по набавката на морски плодови и скапи јадења, ангажира 80 годишен пензиониран старешина на ЈНА на позиција советник за реформски процеси
Како овој кадар на ЈНА, ќе ја реформира АРМ во насока на НАТО интеграција останува нејасно.
Филип Котели, старец од 80 години, кој повеќе од 20 години е во пензија е назначен за советник за реформските процеси на министерството, а со цел НАТО интеграција. Која е пораката што Република Македонија ја испраќа кон мегународните партнери, со поставувањето на пензиониран старешина од 80 години, како советник за реформи? Шекеринска со ваквите непромислени чекори ја разнишува довербата на НАТО во нашата држава.
Радмила Шекеринска мора да и даде одговор на јавноста како е можно да нема пари во Буџетот за повисоки пензии, повисока социјална помош, да нема пари за 100.000 денари плати за специјалистите, но да има пари и да се одвојуваат огроми средства за пензионирани старешини кои верувале или не требало да спроведуваат реформи.