ОХРИД ЗАБРЗАНО СЕ ИСЛАМИЗИРА: Додека во Скопје се отстрануваат споменици на национални херои во Охрид спротивно на законот се гради 32 метарско минаре на Али-пашината џамија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шилегов во Скопје започна да ги руши спомен обележјата на македонските национални херои во Охрид на големо се гради. Се гради 32 метарското минаре на Али Пашината Џамија, под превезот на наводната конзервација на објектот кој претставува културно наследство без потребната документација се доградува минаре на џамијата.

Во центарот на Охрид надвор од сите прописи спротивно на предвидениот ДУП и целосно незаконски се изведува доградба на Али-пашината џамија на локалитет кој претставува културно наследство, се поставуваат столбови за минаре кое ќе биде високо цели 32 метри. Трендафилов кој е дел од Здружението на граѓани ,,Совест’’ во повеќе наврати презентира документи кој покажуваат дека пред изградбата на оваа џамија, таму имало античка гробница, римска градба, но и црква Св. Никола. Всушност, моментално градежната машинерија која работи на реставрацијата, може да уништи дел од културното наследство кое се наоѓа околу постојната џамија.

Во дебата за Макфакс во која Трендафилов како претставник на ,,Совест’’ дебатираше со претставници на Управата за заштита на културното наследство тој истакна дека:

-Конзервирањето на Али-пашината џамија нам не ни пречи и треба да се конзервира, таа е прогласена за заштитено културно наследство, но и просторот околу неа. Има сознанија дека таму се наоѓала црква и тоа треба да се доистражи. Не нè интересира само 16 век, туку и две илјади години пред тоа. А со целата градежна механизација таму веќе сè е уништено, закопано… Да си работеа само на објектот, немаше да биде проблем. Но, тие таму работат без целосна документација, без одобрение за градба. А што се однесува до минарето од 32 метра, допрва треба да се донесе нов детален урбанистички план бидејќи во постојниот не е предвидено.

Здружението на граѓани ,,Совест’’ во повеќе наврати потенцира дека во центарот на Охрид пред очите на целата јавност се одвива градба без одобрение на што укажуваат и многубројни документи со кои располага здружението и сите надлежни институции.

Алаѓозовски во повеќе наврати вети запирање на работата на тешката градежна машинерија, но градежните работи досега не се запрени.

1 коментар

Latest News

Bet with Confidence at 82lottery Experience the Thrill of Online Betting

Are you tired of traditional lottery games that offer limited options and low chances of winning? Look no further,...

More Articles Like This